недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вирусот не е пронајден во мајчино млеко, жените со коронавирус можат слободно да дојат

Вирусот не е пронајден во мајчино млеко, жените со коронавирус можат слободно да дојат

Досега вирусот не е најден во примероци на амнионска течност или мајчино млеко. Жените со COVID-19 можат да дојат ако сакаат, напиша министерот Венко Филипче на Фејсбук. Тие треба:

-Да практикуваат респираторна хигиена за време на доењето така што ќе носат маска таму каде ги има на располагање;

-Да ги мијат рацете пред и после допирање на бебето;

-Рутински да ги чистат и дезинфицираат површините што ги допреле.

Блискиот контакт и рано започнатото ексклузивно доење му овозможува на бебето да напредува.

Најнови вести