сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Неколку мина Кумановци не ги почитувале мерките, им се заканува казна од по 1.000 евра

Неколку мина Кумановци не ги почитувале мерките, им се заканува казна од по 1.000 евра

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе предлози за издавање казнени налози против седум лица, обвинети за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од Јавното обвинителство.

– Обвинетите за време на полицискиот час со возило или пеш се движеле низ градот и околината и со тоа не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест Ковид-19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Македонија, велат од ОЈО-Куманово.

За стореното кривично дело, јавен обвинител на Основниот суд во Куманово му предложи да изрече парична казна за обвинетите во висина од по вкупно 1000 евра во денарска противвредност.