недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

За време на полициски час печеле јагне на жар, 11-мина Босанци завршиле зад решетки

За време на полициски час печеле јагне на жар, 11-мина Босанци завршиле зад решетки
ФОТО: Манинас

Полицијата во Босна и Херцеговина вчера уапси 11-мина поради непочитување на забраната за движење во полициски час. Осомничените се затечени во Босанска Градишка.

Имено, лицата непочитувајќи го ни избегнувањето собири, ниту пропишаното физичко растојание, печеле јагне на жар.

Највозрасниот меѓу нив има 65 години – нему му е во целост забрането напуштање на домот. Другите се обвинети за излегување од дома во периодот од 20:00 до 5:00 часот.

Полицијата притоа повторно ги повика граѓаните да ги почитуваат правилата на полицискиот час.