недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Таткото на Ријана има коронавирус, таа му испрати респиратор

Таткото на Ријана има коронавирус, таа му испрати респиратор

Пејачката Ријана купила респиратор и го испратила кај нејзиниот татко откако дознала дека е позитивен на коронавирус и дека има треска.

Роналд (66), кој во меѓувреме оздраве, ги пречекал новинарите во сина поло маица и кариран шорц.

„Можев да ја почувствувам температурата во носот, на устата, чувствував треска насекаде… Искрено, мислев дека ќе умрам“, раскажува Роналд за „Сан“.

„Mојата ќерка секој ден ме проверуваше. Морам да кажам, многу те сакам, Робин. Таа направи многу за мене, го ценам тоа што го направи.”

Иако респираторот пристигнал во неговата куќа на Барбадос, тој не мора да го користи. По 14 дена тој бил отпуштен од изолациониот центар затоа што оздравел.

Со кучињата Ксена и Ебони покрај него, Роналд одмора во пространата куќа во Сент Џејмс што неговата богата и славна ќерка ја купи за него.

По стравот од смртта, тој им се обратил на следбениците: „Сакам сите да останат дома. Ова е сериозна ситуација. Посериозна отколку што сфаќаат луѓето. Ве молам, останете дома“.

Тој дури и ја повика локалната власт да престане со работа.

Досега на Барбадос се пријавени три смртни случаи на коронавирус, а Роналд бил еден од ретките заразени.

Фондацијата „Клара Лионел“ на Ријана најави дека ќе донира 5 милиони долари за да помогне во борбата против коронавирусот.

Најнови вести