петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Семејството конечно се огласи за состојбата на Шумахер

Семејството Шумахер веќе извесно време го критикуваат бидејќи ја чуваат состојбата на Михаел во тајност, далеку од очите на јавноста, а неговите фанови сметаат дека треба да знаат повеќе околу неговото закрепнување.
Семејството конечно се огласи за состојбата на Шумахер

Семејството на Формула 1 ѕвездата, Михаел Шумахер, по долго време истакна информации за неговата состојба по несреќата која ја доживеа пред четири години. Познатиот возач на најбрзите трки во светот во 2013 година едвај остана жив откако ја повреди главата при скијање. Шумахер неколку месеци беше во кома, а откако се разбуди медицинските експерти тврдат дека неговиот мозок претрпел големи удари по што се поставува прашањето дали некогаш ќе биде оној стариот Михаел.

Менаџерката на Шумахер, Сабина Кем во име на неговото семејство изјави дека состојбата на легендаркиот возач е подобрена, но површните информации не даваат комплетен заклучок колку и дали воопшто Михаел целосно ќе закрепне.

-Долго време е познато во каква состојба се наоѓа Михаел по несреќата. Иако јавноста сака точно да знае што се случува со него, јас можам само да кажам дека има напредок. Засега напредокот е минимален, но и тоа е знак дека постепено се опоравува, истакна Кем.

Семејството Шумахер веќе извесно време го критикуваат бидејќи ја чуваат состојбата на Михаел во тајност, далеку од очите на јавноста, а неговите фанови сметаат дека треба да знаат повеќе околу неговото закрепнување.

Откако се разбуди од кома во 2014 година, возачот беше префрлен во неговиот дом во Женева и е под константен третман од страна на 15 физиотерапевти и медицински сестри, а за третманот се трошат околу 115.000 фунти неделно.

Најнови вести