петок, 19. април 2024. Вести денес: 0
home Регион

Нови 72 случаи на Ковид-19 во Грција, починаа уште три лица

Нови 72 случаи на Ковид-19 во Грција, починаа уште три лица

Во изминатите 24 часа, во Грција се регистрирано 72 нови случаи на коронавирусот, а животот го загубија уште три лица, соопшти попладнево професорот епидемиолог Сотирис Циодрас, задолжен за Ковид-19 во Министерството за здравство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од почетокот на епидемијата вкупниот број на заразени се зголеми на 2.081 лице, додека пак 93 починаа.

Во грчките болници, 75 лица се приклучени на апарати.

До сега, анализирани примероци 35.344.  (МИА)