На 16.04.2020 во 19.10 часот на наплатна станица Гостивар од полициски службеници од Полициска станица Гостивар била приведена Б.Ј.(30) од с.Стар Балин дол, гостиварско.
Жената е лице со здравствени проблеми, истата се однесувала агресивно и се заканувала со нож дека ќе ги нападне полициските службеници при вршење работи од областа на безбедноста, информираат од МВР.
Набрзо Б.Ј. била пренесена во Психијатриска клиника во Скопје.