Физиотерапевтот Марио Илиоски е позитивен на коронавирус.
Преку статус на својот Фејсбук профил вели дека е дома од 28-ми март, а никогаш не добил никаква писмена потврда за резултатот.
Илиоски е вработен во Институтот за физикална медицина и рехабилитација во Скопје.
Неговиот Фејсбук статус погледнете го во продолжение:
Добар ден, јас сум Марио како што пишува погоре, еден од вработените позитивен на COVID-19 во Институтот за Физикална медицина и рехабилитација во Скопје.
На 28ми Март сум дијагностициран со позитивен тест (за кој на 30ти разбрав официјално, а другово приватно беше од пријател),сеуште ми нема стигнато никаква писмена потврда, а секојдневно ја барам, нит па некој симптом за да се потврди нештово…
Изолацијата ја издржувам во стан во Скопје, сам, 25дена, терасата да не е, небо немаше да видам…
Зошто 25 дена, е вака…
Затворен сум во карантин на 28ми, ама зошто нашите се неспособни нели секогаш така викаме, карантинот ми стартувал од 30ти, зошто така налогот му го извадил, требаше да бидам во карантин до 12ти Април, така гласеше решението, на 14ти дојдоа да ми направат контролен рететест, за кој денес(18ти т.е 4 дена покасно) го добив резултатот и повторно сум позитивен а, и повторно никаква потврда немам…
Поентата ми беше, немој да кажувате после по телевизии дека ги контролирате позитивните и контактирате по телефони зошто во овие 20 дена, ако умрев или прошетав до Охрид на 19 дена, единствено екипата за ретестирање ќе ме начекаше а, можда немаше и никој од вашата контролна екипа да знај. Никој 20 дена ми се нема јавено да ме праша како си, дали ви треба нешто, Полиција да дојде да тропни да си направиме некое муабетче, ништо…
Заклучивме дека тој карантин што го кажувате не е 14 дена, туку 22 дена заради вашата неспособност и лоша координација.
И на никој од вас, додека си играте со секој поединец (натиго,дајмиго) нема да сфатите како е да си затворен во 4 ѕида, сам, да нема со кој да се погледниш попреку, да нема кој бука да ти напрај, а вие си играте дрндупка со скапоценото време кое што на некој и два дена порано ќе му смени, зошто не е секој психички спремен да се затвори сам, тотално сам во 4 ѕида, 20 дена и притоа никој да не го искотролира дали му треба нешто или макар само поддршка да му дај, па ако е некој нестабилен вие нема да го најдите него бе…
Затоа чувај те ги саканите и најблиските и почитувај ги нивните иснструкции, зошто на крајот на денот од нив цел ден грми телефонот, нит од Јавно здравје, нит од МВР, нит од Венко туку од тие дома, шо те чека и шо и нив тие два дена му менува…
Со еден од колегите тестирани сме во ист ден, ама него/неа по два дена му се јавија, а не по 5 како мене, и тој за 4 дена треба да се ретестира, а не по 7 како мене.
Читам вчера, “дотичниот” го тестирале два пати за да може да му се скрати карантинот, шо е неговиот живот побитен од мојот, неговото време побитно од моето, која е целта, сите шо мослеа дека сте способни, да го сменат мислењето ?
Не си играјте со времето наше зошто ако сме позитивни од COVID-19 не сме фрлени на пат, има и за нас некој што се грижи, шо чека резултат, шо чрка повторно да не види…
Позич, а инаку, јас сум добар, на адреса сум, здрав прав, и ќе ви ги издржам вашите грешки, тука сум и ќе се ре-карантинирам ако треба уште 14(читај 22) дена, за доброто на моите најблиски