четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Планетата се рестартира: По 20 години морски желки положуваат јајца на плажите на познатата туристичка дестинација

Планетата се рестартира: По 20 години морски желки положуваат јајца на плажите на познатата туристичка дестинација

На Тајланд регистрирани се 2.765 заразени и 47 починати лица од коронавирус. Забранети се меѓународните летови и на сила е препораката граѓаните да останат во своите домови. Токму, овие одлуки ги ослободија плажите за животните.

-Од ноември минатата година пронајдени се 11 гнезда на џиновски морски желки, а тоа е најгоелм број на гнезда во изминатите 20 години. Ова е многу добра знак, бидејќи многу области за мрестење и рамножување беа уништени од луѓето. Во последните пет години не најдовме вакво гнездо, изјавил директорот на Морскиот биолошки центар.

За споредба минатата година не биле најдени нови гнезда бидејќи желките често биле убивани со рибарска опрема.

Џиновските кожести морски желки се најголемите морски желки. На Тајланд се прогласени за загрозен вид и се наоѓаат на листата загрозени видови на Интернационалното здружение за зачувување на природата.