сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

За две недели на холандските плажи се собрани речиси 28.000 отпушоци

За две недели на холандските плажи се собрани речиси 28.000 отпушоци

Волонтери собрале 6.081 килограм ѓубре и 27.854 отпушоци на холандските плажи во периодот од 1 до 15 август, објави денеска Фондацијата Северно Море, еден од организаторите на годишното чистење на плажите.

Во акцијата учествуваа 1.827 волонтери.

Фондацијата оценила дека бројот на фрлени отпушоци покажува дека е неопходно да се забрани пушењето на плажите, пишува „NL Times“.