Вистинската драма се одвивала денеска на плажа на Халкидики. Момче (5) е забележано како шета само на плажа.
Загрижените туристи веднаш ја известиле полицијата.
-По долга потрага по родителите на момчето, полицијата дознала дека тој бил на плажа со својот дедо кој заспал на лежалка, пишува Прототема.
Иако приказната има среќен крај, полицијата отворила случај против дедото за несовесно чување на детето.