сабота, 10. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во Саудиска Арабија ќе се менува полицискиот час поради Рамазан

Во Саудиска Арабија ќе се менува полицискиот час поради Рамазан

Саудиска Арабија планира да го смени полицискиот час за време на светиот муслимански месец Рамазан за да им овозможи на луѓето да го купат она што им е потребно.

Во некои градови во земјата е воведен 24-часовен полициски час и дозволено е одење во маркети и аптеки од шест часот наутро од 15 часот.

Како што е наведено, за време на Рамазан, тоа време ќе биде префрлено во периодот од девет до 17 часот.

Во Саудиска Арабија денеска се потврдени 1.147 новозаразени, што најголемо дневно зголемување на бројот на заразени. Во земјата има вкупно 11.631 заразени.