недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Собрани потписи за свикување на Собранието, избори во јуни?

Собрани потписи за свикување на Собранието, избори во јуни?

Заев завчера лично им дал задача на пратениците од СДСМ и коалиционите партнери во Собранието, да почнат со собирање на потписи со кои од спикерот Талат Џафери ќе побараат да свика собраниска седница. Веќе се собрани повеќе од 20 потписи, а меѓу потпишаните се координаторот Митрески, Мухамед Зеќири, Костадин Костадинов, но и пратениците на БЕСА Фадил Зендели и Теута Биљали, објавува МАГАЗИН.

-Според собраниски извори, СДСМ нема да ја предаде потпишаната инцијатива денес, туку ќе проба да убеди да се потпишат 61 пратеник, и сега се лобира за потписи кај Независната пратеничка група, пратениците на Зијадин Села и Алтернатива, потоа пратениците на ДОМ, НСДП, ЛДП и помалите турски, ромски и српски коалициони партии. На тој начин би се зголемил притисокот кон Талат Џафери да свика седница бидејќи тоа е барање на мнозинството на довчерашниот пратенички состав. Засега извори од кабинетот на Џафери брифираат дека тој нема да попушти и останува на ставот дека еднаш распуштено Собрание може да се свика само после одржани избори, пишува порталот.

Магазин понатаму анализира: Борбата за подобро позицинирање пред изборите е позадината на оваа игра меѓу СДСМ и ДУИ. Имено, едно влијателно крило во СДСМ, во кое припаѓаат високите партиски функционери Мухамед Зеќири и Љупчо Николовски, како и партискиот претседател Заев, постигнале договор со БЕСА дека е добро пред изборите да го сменат Талат Џафери од позицијата претседател на Собранието.

-Прво, тоа ќе биде политички важен гест за БЕСА, дека тие стануваат фактор, а за ДУИ губи влијание пред изборите. Втората битна работа е што СДСМ посакува пред изборите да ја земе во свои раце фотељата на собранискиот спикер бидејќи според Уставот само претседателот на Собранието има право да потпише решение за нов датум за изборите. Закажаните избори на 12-ти април не се одржаа заради корона-кризата, па сега е потребен нов датум, а според партиски извори Зоран Заев сака избори во текот на месец јуни. Во комуникација со генералниот секретар Николовски и техничкиот премиер Спасовски, Заев ги споменал 7-ми, 14-ти, 21-ви и 28-ми јуни како можни датуми за предвремени избори. Со свој претседател на чело на Собранието, ќе биде многу полесно за СДСМ да ги распише изборите во некој од овие термини во јуни, кои според проценките на Заев би биле избори со ниска излезност заради се уште присутната вознемиреност од корона-вирусот, а тоа би претставувало помал ризик за власта. Во текот на наредниве денови се очекуваат и изјави од коалиционите партнери на СДСМ, како што се БЕСА, ДОМ, НСДП, партијата на Самка Ибраимовски, ВМРО-Народна, ЛДП и другите, со поддршка за иницијативата за свикување на Собранието, а како главни причини ќе бидат наведени потребата од контрола врз владата, потребата од изгласување на Закон за задолжување кај светската банка и други теми поврзани со актуелната криза, анализира МАГАЗИН.

Најнови вести