понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Три лица од Велес ги прекршиле здравствените прописи во време на пандемија

Три лица од Велес ги прекршиле здравствените прописи во време на пандемија

Велешкото обвинителство денеска до Основниот суд Велес поднесе предлози за издавање на казнени налози против 3 лица  за сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Велес.

– Обвинетите на 14.04.2020 година го прекршиле полицискиот час, односно не ја почитувале Одлуката на Владата на Република Македонија со која се забранува движење на населението на територијата на државата во одредени временски периоди, информираат од обвинтелство.

Обвинителството предложи на обвинетите да им се изречат парични казни во висина од по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра односно по вкупно 800 евра во денарска противвредност.​​