недела, 7. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

НАТО ја мобилизира својата научна мрежа за борба против Ковид-19

НАТО ја мобилизира својата научна мрежа за борба против Ковид-19

Главниот научник на НАТО, доктор Брајан Велс го промовираше „Предизвик на главниот научник на НАТО“, во кој повикува на решенија за откривање на вирусот, подобрена свест за ситуацијата, деконтаминација, флексибилност и иднината после Ковид-19.

Предизвикот е испратен до повеќе од 6.000 научници во мрежата на НАТО. Предлозите, од истражувачки написи до прототипи, се очекуваат до крајот на април. Со работата со сојузниците од НАТО, партнерите и персоналот, Канцеларијата на главниот научник ќе помогне најдобрите предлози да се претворат во реалност.

Организацијата за наука и технологија на НАТО го поддржува одговорот на Ковид-19 и на други начини. Таа формираше класифицирана платформа за соработка, каде научниците од сојузничките и партнерските нации можат да споделат придонеси за одговор на кризата. Размената на знаења и потенцијални решенија ја олеснува и Канцеларијата за поддршка на соработката на НАТО во Париз, која ги координира релевантните истражувања, вклучително и сценарија во виртуелна реалност за итна медицинска помош, намалување на животниот век на вирусите со третирање на површини и ткаенини со полимерна обвивка и ласерско тестирање на примероци од плунка примероци.

НАТО ги користи и можностите на сопствената лабораторија, Центарот за поморско истражување и експериментирање во Ла Специја, кој спроведува ново истражување со големи анализи на податоци, моделирање и симулација за донесување одлуки.