среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

И во карантин и без, времето не можеме да го промениме- еве што не очекува за 1 мај

И во карантин и без, времето не можеме да го промениме- еве што не очекува за 1 мај

Времето утре  ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има појава на локален краткотарен дожд и ретки грмежи.

Во вторник времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југозападен правец. Попладне претежно во источните и северните делови ќе има услови за појава на краткотарен дожд и појава на ретки грмежи.

Во среда времето ќе  биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне претежно во источните делови ќе има услови за појава на краткотарен дожд и појава на ретки грмежи.

Сончево и топло со умерена облачност ќе има и во четврток. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Времето во петок како и „традиционално“ за првомајскиот празник ќе биде сончево и топло, но со дожд во текот на денот.

Најнови вести