Скопјанецот Н.Ј. (48) е тешко повреден во сообраќајната несреќа која се случи вчера околу 14:45 часот на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“.
Од полицијата информираат дека несреќата се случила меѓу товарно моторно возило „Ивеко“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од Ј.Е.(27) од село Камењане, тетовско и мотоцикл со скопски регистерски ознаки, управуван од Н.Ј.(48) од Скопје.
-По незгодата, со возило на Итна медицинска помош Н.Ј. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ и од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил задржан на понатамошно лекување. Возачот Ј.Е. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде од страна на лекар му биле констатирани телесни повреди, по што бил пуштен на домашно лекување, информираат од МВР.
Извршен е увид на местото на настанот.