сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Син ја претепал мајка си зошто не му дала 500 денари

Син ја претепал мајка си зошто не му дала 500 денари

Пријава за семејно насилство добила вчера полицијата во Гостивар.

Шеесет и шест годишната гостиварка С.Г. го пријавила својот син околу 13 часот Д.Г.(44).

-Околу 13,00 часот истиот ден синот и побарал 500 денари,  а кога не му го дала бараниот износ физички ја нападнал. Пријавениот Д.Г. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување на случајот, информираат од МВР.