петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Во Грција регистрирани нови 32 случаи на Ковид-19, починаа уште две лица

Во Грција регистрирани нови 32 случаи на Ковид-19, починаа уште две лица

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 32 нови случаи на Ковид-19, од кои 13 се од репатриација или се поврзани со други познати случаи, а од новиот короанвирус починаа уште две лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Вкупниот број заразени во Грција од почетокот на епидемијата се зголеми на случаи 2.566 случаи, а бројот на жртвите на 138 лица.

Приклучени на апарати се 40 лица, а 70 пациенти биле отпуштени од Одделите за интензивна нега.

Досега во Грција се анализирани 69.833 примероци.