четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Германија започна тестирање на вакцина за коронавирус над доброволци

Германија започна тестирање на вакцина за коронавирус над доброволци

Германската фармацевтска компанија BioNTech објави дека започнала тестирање над доброволци за потенцијална вакцина против Ковид-19.

-Дванаесет учесници на студијата примија доза на потенцијалната вакцина BNT162 во Германија од кога почна тестирањето на 23 април, се наведува во соопштението на компанијата.

Бројни фармацевтски компании работат на пронаоѓање ванцина против заболувањето кое го предизвикува новиот коронавирус, а кој предизвика глобална пандемија со над 215.000 смртни случаи ширум светот.

Станува збор за прво клиничко испитување за потенцијална вакцина против Ковид-19 во Германија. Во првиот дел на клиничкото испитување речиси 200 здрави доброволци на возраст меѓу 18 и 55 години ќе бидат вакцинирани за да се процени сигурноста и имуногеноста на вакцините и да се одреди оптималната доза за понатамошно испитување.

Германското регулаторно тело го одобри почетокот на клиничкото испитување минатата недела.