понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Коза и папаја позитивни на коронавирус во Танзанија

Коза и папаја позитивни на коронавирус во Танзанија

Директорот на Националната здравствена лабораторија на Танзанија и нејзиниот раководител за квалитет се суспендирани до завршување на истрагата која е во тек, откако претседателот Џон Магуфули се посомневал во точноста на тестовите за коронавирус.

Тој наредил наместо луѓе да се тестираат животни и растенија. Претседателот открил дека наредил тајно тестирање на поинакви примероци, а на техничарите во лабораторијата не им кажал дека станува збор за тестови кои не се од луѓе.

Претседателот на Танзанија истакнал дека побарал од силите на безбедност да го проверат квалитетот. За тестирање биле дадени примероци од папаја, коза и овца и дел од нив биле позитивни, а на овие тестови биле напишани имиња на луѓе.

Министерстото за здравство во ваквите резултати формирало комитет од 10 лица кои ќе го истражуваат однесувањето на лицата вработени во лабораторијата, а резултатите од истрагата ќе бидат познати до 13 мај.