петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Нов бран невреме во Грција- блокиран морскиот транспорт во Јонското Море

Нов бран невреме во Грција- блокиран морскиот транспорт во Јонското Море

Грција од денеска ќе биде зафатена со нов бран невреме, проследено со дожд, ветер и снег на високите места, јавија грчките медиуми.

Ураган го блокира морскиот транспорт во Јонското Море.

Поради силните ветрови прекинато е движењето на фериботите кои се движат од Игуменица до островот Крф.

Исто така не сообраќаат бродовите на линиите Килини-Закинтос, Ликсури-Аргостоли и Порос-Килини.