Екс премиерот Зоран Заев го предупредил првообвинетиот во Рекет – Боки 13 дека има случај за него, ова пред судот денеска го тврдеше Бојан Јовановски.
-Се тргуваше со овој случај, Катица Јанева беше уценета или ќе дадеш оставка или ќе се случи ова што се случува сега. На 3 април гостуваше Заев во телевизијата. По емисијата разговаравме во мојата канцеларија и Заев ми кажа дека и мене и Катица не следеле странски служби. Ме уплаши и изманипулира дека странски обвинител имал се за мене. Жал ми е што не се вештачи мојот мобилен да се види целата комуникација со Заев, рече на денешното рочиште Бојан Јовановски.