Триесет и четири годишната М.А. утринава во 4:30 часот во полициската станица Кисела Вода пријавила дека исчезнале нејзините ќерки.
Според пријавата на мајката нејзините малолетни ќерки на возраст од 13 и 14 години, вчера околу 7 часот излегле од домот и се одалечиле во непознат правец.
Полицијата информира дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.