Европскиот комесар за економија Паоло Џентилони е убеден дека годинава, и покрај пандемијата на коронавирусот, ќе има летна туристичка сезона во Европа.
Тој во интервју за германскиот „Зидојче Цајтунг“ изјави дека дефинитивно ќе има туристички сезони во текот на летото, но под одредени мерки и со ограничувања.
Европската комисија денеска треба да презентира препораки за постепено укинување на граничните контроли воведени за време на борбата против коронавирусот.
Ограничувањата прво треба да се укинат во оние земји каде има добар напредок во однос на бројот на пациенти.