четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Словенија ја укинува обврската за задолжителна дезинфекција на станбените објекти

Словенија ја укинува обврската за задолжителна дезинфекција на станбените објекти

Словенечката Влада ја укинува обврската за задолжителна дезинфекција на внатрешноста на сите станбени објекти во земјата, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Премиерт Јанез Јанша на социјалните мрежи напиша дека Владата ќе излезе во пресрет на Здружението на сопственици на станови, од каде побараа ваквата одлука да биде укината, а трошоците за дезинфекцијата да ги преземе државата.

Обврската предвидуваше неколкупати неделно, на трошок на сопствениците на станови, да се прави дезинфекција на целиот внатрешен простор на зградите, влезовите, заедничките делови, подрумските простории и лифтовите.

Инаку, оваа одлука беше донесена во март, како една од мерките против неконтролираното ширење на коронавирусот.