среда, 31. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Повреден возачот на запалениот автобус кај Транспортен центар

Повреден возачот на запалениот автобус кај Транспортен центар

На 13.05.2020 во 07.45 часот во СВР Скопје, Д.Ј.(48) од Скопје, возач на автобус, пријавил дека околу 07.40 часот на автобуска постојка на бул.„Кузман Јосифоски Питу“ се запалил автобус „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице.

Според пријавеното, Д.Ј. се обидел да го изгаси пожарот, при што се здобил со повреди и бил пренесен Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.