петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Осуммина прилепчани обвинети за непочитување на полицискиот час

Осуммина прилепчани обвинети за непочитување на полицискиот час

Парична казна од по 2.000 евра за осуммина прилепчани, денеска предложи Основното јавно обвинителство Прилеп за непочитување на мерките на Владата донесени со цел спречување на заразната болест COVID-19.

Од ЈО соопштија дека обвинетите за време на полицискиот час се движеле на различни локации во градот, со што сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.