четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вработените во болницата во Демир Хисар обесправени: Трпат закани и неправди и покрај успешната битка против коронавирусот

Вработените во болницата во Демир Хисар обесправени: Трпат закани и неправди и покрај успешната битка против коронавирусот

Вработените во психијатриската болница во Демир Хисар секојдневно водат битка за здравјето на своите пациенти, а истовремено ги трпат бројните неправди со кои се соочуваат и дискримниацијата која се спроведува врз нив.

Дел од вработените ја контактираа редакцијата на КУРИР за да нé информираат за состојбата со која се соочуваат.

Болничарите кои барале да бидат ставени во помошен медицински персонал биле распределени како помошен технички персонал. Ова барање му го кажале лично на министерот за здравство Венко Филипче, но истото не им било исполнето.

Така, тие го загубиле правото кога работат дежурства од 24 часа да идат дополнително платени како за дежурство, како што е тоа всушност низ сите здравствени установи низ државата.  Биле принудени да потпишат договори во кои изјавуваат дека нема да бараат да бидат платени како што налага законот.

Кога најголем дел од нив одбиле да потпишат, почнале заканите. Како што изјавуваат тие, добивале уцени дека ако не потпишат нема да добијат ништо, а дури им се заканувале дека можат да останат без работното место. Потпишале само неколкумина кои подлегнале над притисокот.

Бидејќи почнал да се јавува револт кај вработените, управата сепак најавила дека ќе бидат платени по дежурства како што налага законот. Таа најава не се исполнила, па по првата земена плата каде не е исплатен ниту дополнителен денар за 24-часовни дежуства, вработените реагирал, па еден од нив добил и директна закана за отказ.

Како што кажуваат вработените во сведоштвото за КУРИР, најголемиот проблем го прават директорката и стручната директорка во установата. Иако функцијата стручен директор одамна е укината, оваа установа има вработено лице на позицијата откако дојде СДСМ на власт. Според нивните сознанија, стручната директорка е платена со високи 150.000 денари, додека тие работат за ситни суми.

Вработените во Демир Хисар беа вклучени и во борбата против коронавирусот. Доктор психијатар беше позитивен на вирусот. Пред да го направи тестот имал симптоми и користел годишен одмор. Но, како што сведочат неговите колеги, тој бил принуден да се врати на работа, а со тоа биле ставени во ризик сите вработени и пациенти.

По него, се зарази и една медицинска сестра вработена во болницата. Нашите соговорници велат дека со овие два случаи успешно се справиле, но дека Демир Хисар можел да доживее катастрофа!

Успешно ја победија оваа битка, но останаа жртви на неправдите со кои се соочуваат секојдневно.

Дополнителен проблем кој го наведуваат се катастрофалните хигиенски услови и условите за работа со своите пациенти.

Се надеваат дека здравствените власти  конечно ќе покажат слух за проблемите на овие здравствени работници.

Најнови вести