недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Редфилд: До 1 јуни во САД ќе има повеќе од 100.000 умрени од Ковид-19

Редфилд: До 1 јуни во САД ќе има повеќе од 100.000 умрени од Ковид-19

Директорот на американскиот  Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), Роберт Редфилд, предупреди дека моделите на нивниот центар предвидуваат дека бројот на умрени  од корорнавирусот во САД до 1 јуни ќе надмине 100.000.

„ЦДЦ следи 12 различни модели за предвидување на можни смртни случаи од Ковид-19 во САД.  До 11 мај сите модели предвидуваа зголемување на смртните случаи во следните недели и дека до 1 јуни вкупниот број ќе надмине 100.000 умрени“, навде Редфилд на Твитер, пренесен од Си-Ен-Ен.

Според „Worldometers“, досега во САД од коронавирус има умрено  88.507 лица, додека повеќе од 1,4 милиони луѓе се заразени.с