четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ВИДЕО: Демонстранти во Албанија палат патарини, полицијата удира по граѓаните, 24 повредени

ВИДЕО: Демонстранти во Албанија палат патарини, полицијата удира по граѓаните, 24 повредени

Голем број на демонстранти од Албанија излегоа на протести против поскапувањето на патарините, а во градот Кукеш дури е запалена и наплатна рампа во знак на огромното незадоволство од донесената одлука.

Полицијата вложи големи напори да ги контролира протестите за тие да не излезат целосно од контрола.

Демонстрантите, пак тврдат дека биле непотребно нападнати и удирани со палки од страна на полицајците иако најавиле дека протестот ќе биде мирен.

Владата на Албанија предводена од Еди Рама нема намера да ја повлече одлуката за поскапи патарини на државните патишта.

На протестот демонстрантите се судрија со полицијата, а ситуацијата колуминираше со 24 повредени, според информациите од албанските медиуми.