Жителите на Пишица ќе бараат да влезат во составот на друга општина, ако матичната Пробиштип не им ги реши комуналните проблеми во селото. Најголема главоболка им е што живеаат покрај браната Пишица, а две години по нејзината изградба се уште чекаат да дотече вода до нивните ниви и дворови. Сега за наводнување и за стоката користат вода од водоводот што значи суви чешми за половина село. Ако проблемот не се реши излегуваат на блокади, објави телевизија 24.
Градоначачалникот на Пробиштип вели реакцијата на жителите е оправдана, ама според неговите информации проблемот ќе се реши за неколку денови. Проблем е дозволата за примопредавање на браната.
Браната Пишица попушти во големите поплави што ја зафатија државата пред седум години, а по многу застои нејзината изградба конечно беше завршена во 2018-та. Ја градеше „Трансмет“ на Сеад Кочан, предвидено е да се наводнуваат 350 ха, а изградбата чинеше околу еден милион евра.