Медицинска сестра во болница во рускиот град Тула стана хит на социјалните мрежи откако на работа пристигнала носејќи бикини, а над нив провидно заштитно одело, очила и ракавици за да се заштити од коронавирусот.
Како што пренесуваат руските медиуми, фотографијата е направена во регионалната болница за инфективни болести во Тула. На фотографијата може да се види како медицинската сестра во бикини им носи лекови на пациентите.
Наводно медицинската сестра одлучила да облече само бикини затоа што ѝ било премногу топло од заштитната опрема која мора да ја носи поради пандемијата на коронавирусот.
Иако на пациентите не им пречело тоа што медицинската сестра работи по бикини, сепак фотографијата станала вирална и стигнала до регионалното Министерство за здравство. Од таму до медицинската сестра упатија критика, истакнувајќи дека на тој начин ги прекршува правилата за работа во здравствената институција.
Според последните податоци, во Русија се регистрирани над 308 илјади заразени, додека 2,972 лица починаа како последица на коронавирусот.
Медсестре из Тулы, надевшей купальник под защитный костюм, сделали замечаниеhttps://t.co/4OMCvsiXPg
К медсестре инфекционного госпиталя в Тульской областной клинической больнице применено дисциплинарное взыскание после того, как она появилась перед пациентами в ку… #Тула #ТН pic.twitter.com/gNneemIGn9
— Тульские новости (@newstula) May 19, 2020