понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Картер: Ако Леброн стигне до двоцифрен број на финалиња, тој ќе биде пред Коби на моето рангирање

Картер: Ако Леброн стигне до двоцифрен број на финалиња, тој ќе биде пред Коби на моето рангирање

Ветеранот во НБА, Винс Картер, го смести Леброн Џејмс на третото место на списокот на врвни играчи, веднаш зад Мајкл Џордан и Коби Брајант.

Картер го кажа условот под кој Џејмс ќе го помине Брајант на неговата листа.

– Ако Леброн повторно стигне до финалето … Тогаш тој ќе заслужи уште поголема почит кај мене. Двоцифрениот број на финалиња, тоа е „лудо“, изјави Картер.

Џејмс има девет НБА финалиња, во кои три пати стигнувал до шампионскиот трофеј (со Мајами 2012 и 2013 година и со Кливленд во 2016 година.