Доктор вработен на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија на Фејсбук сподели статус во кој пишува дека е позитивен на Коронавирус.
-Почитувани чувствувам морална и професионална одговорност да ве информирам дека вчера се тестирав на Коронавирусот и резултатот е позитивен. Да споделиш своја болест во јавноста е тешко, но драги мој длабоко сум убеден дека колективното здравје во моментов е поважна од секое индивидуално здравје. Се надевам дека ќе бидам во вашите молитви, пишува тој.