четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Велика Британија за првпат помалку од 100 починати за еден ден

Во Велика Британија за првпат помалку од 100 починати за еден ден

Лондон, 7 јуни 2020 (МИА) – Велика Британија денеска има помалку од 100 нови смртни случаи од коронавирусот за еден ден, првпат од затворањето на земјата.

Министерството за здравство и социјална заштита соопшти дека починале 77 лица, со што вкупниот број на починати од Ковид-19 во Велика Британија се зголеми на 40.542.

Денешната бројка е најниска од 23 март – кога беа регистрирани 74 смртни случаи.