Вистинска драма се одвивала вечерва на улицата „Маца Овчарова“ во Велес. Некаде после 19 часот од засега непознати причини настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица на местото на кое главно е населено население од ромска националност.
-Според нашите информации има и повредени учесници во тепачката. Над 5 лица се повредени. Интервенирала и Брзата помош. Благодарение на брзата интервенција на полицајците од СВР Велес ситуацијате сега е смирена, пренесе порталот ВЕЛЕС ДЕНЕС.
Повеќе детали се очекува од СВР Велес во утрешниот билтен.