Маја Ралевска, секретарот на општина центар е позитивна на Ковид 19.
Поради интензивните контакти тестирање направил и градоначалникот, Саша Богдановиќ. Неговите резултати се очекуваат денес.
Тој се огласи по веста дека вработен во општината има коронавирус.
-Вчера ми направија тест откако дознавме дека Ралевска е позитивна. Преземени се сите мерки за претпазливост, ние постојано сме со маски, се дезинфицира, а и таа доаѓаше на состаноци со маска. Не верувам дека ќе има некој заразен, но сепак моравме да се тестираме. Се работи за околу 6-7 луѓе кои сме биле во контакт со Ралевска. Од општината нема други заболени, Ралевска најверојатно се заразила дома од сопруготн коуј исто така бил позитивен, истакна Богдановиќ за А1ОН.