сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пецаков: Стратешко позиционирање на здравството како приоритет за грижата за граѓаните

Пецаков: Стратешко позиционирање на здравството како приоритет за грижата за граѓаните

Кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 5, Кирил Пецаков напиша на фејсбук:

 

Визијата на ВМРО-ДПМНЕ за здравствениот сектор е создавање на здравствен систем кој ќе биде ефикасен и достапен за секого. Системот во Република Македонија изминативе четири години, не само од здравствен аспект, туку и од сите други области е колабиран. Коронавирусот откри дека состојбата со здравствениот систем во Македонија е поразителна.
Приоритети на ВМРО-ДПМНЕ во здравството ќе бидат стратешко позиционирање на здравството како приоритет за грижата за граѓаните, предвидливост и континуитет на работата, како и донесување на Национална здравствена стратегија заснована на следните постулати:
Зајакнување на јавното здравство – заради тоа што лекарите и здравствените работници треба да останат во Македонија и во јавното здравство;
Зајакнување на примарното здравство, стоматологијата и превентивата;
Оптимизација на здравствениот систем, ориентиран кон поквалитетни услуги за пациентите;
Нулта корупција во здравството;
Стандардизација на квалитетот на здравствените услуги;
Интегрирање и функционално реорганизирање на здравствените единици.
Оттука, клучни аспекти на програмата на ВМРО-ДПМНЕ за Обнова на Македонија се:
Воспоставување на концептот на Здравство без хартија, кој подразбира целосна дигитализација на здравствениот и фармацевтскиот систем.
Формирање на тело на Националниот координатор за здравство, кое ќе придонесе за оптимизација на здравствениот третман на пациентите.
Модернизација, функционална интеграција и реконструкција на здравствените центри во целата држава.
За реализацијата на приоритетите за здравствениот систем, ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе мерки реализирани преку апликативни проекти во сите сфери.
Со цел да го задржиме медицинскиот кадар во Македонија и во јавното здравство, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да им обезбеди на лекарите и стоматолозите достоинствени примања и современа, континуирана медицинска едукација по најдобрите светски стандарди.
Се обврзуваме и ветуваме екстензивно инвестирање во здравствениот систем. Охрид и Република Македонија мора да имаат потполна верба во јавното здравство.
Затоа на 15 јули изборот е едноставен и јасен.
14 Да го одбереме бројот 14 за обнова на здравството.
14 за инвестиции во здравството чиј главен фокус се пациентите.
14  за обнова на Охрид и Македонија!
#ИсправиСеМакедониј
#ОбноваНаМакедонија

?Визијата на ВМРО-ДПМНЕ за здравствениот сектор е создавање на здравствен систем кој ќе биде ефикасен и достапен за…

Gepostet von Д-р Кирил Пецаков am Donnerstag, 25. Juni 2020

 

Најнови вести