петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Прва жртва на војната: Ова може да го уништи најголемиот американски извозник

Повеќе од 50 отсто од комерцијалните авиони кои се во употреба во Кина се произведени од компанијата Ербас, а повеќе од четвртина од испораките на компанијата во минатата година отишле во таа азиска земја
Прва жртва на војната: Ова може да го уништи најголемиот американски извозник

Кинеската најава за воведување на нови 25-процентни тарифи на американските авиони ќе зададе огромен удар на компанијата Боинг, која е најголем американски извозник.

Тоа ќе му даде дополнителна вредност на ривалот Ербас и тоа на пазарот кој би требало да стане најголем во светот, оценува агенцијата Блумберг.

Официјален Пекинг, како одговор на царините кои САД ги воведе за кинеските производи, најави царини на авиони кои тежат меќу 15 и 45 илјади килограми, меѓу кои спаѓаат и поединечни врсти на патнички авиони од серијата Боинг 737.

Кина, која веќе до 2022 година би требало да ги престигне САД и да стане најголемиот светски пазар за авиони, е од клучно значење за овој производител на летала.

Повеќе од 50 отсто од комерцијалните авиони кои се во употреба во Кина се произведени од компанијата Ербас, а повеќе од четвртина од испораките на компанијата во минатата година отишле во таа азиска земја.

По најновите вести, акциите на Боинг паднаа за дури 5,1 отсто, односно 314,10 долари на берзата во Њујорк.