вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Откако 5758 граѓани се заразија, а 268 починаа: Филипче се пофали дека пристигнале тестови за брза дијагностика

Откако 5758 граѓани се заразија, а 268 починаа: Филипче се пофали дека пристигнале тестови за брза дијагностика

Откако 5758 граѓани се заразија, а 268 починаа (бројки до денеска) министерот за здравство, Венко Филипче, се пофали дека е завршена постапката за набавка и стигнати се тестовите за брза дијагностика на Ковид-19, кои ќе се користат при приемот на пациенти во клиничките болници.

„Набавивме тестови за т.н. брза дијагностика, тие стигнаа, и ќе бидат распределени во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, Инфективната клиника и Гинеколошко акушерската клиника. Тој тест е готов за 45 минути. Што значи после тријажата и ваквиот брз тест, веднаш ќе се пристапи кон соодветната интервенција“, изјави Филипче.

Во однос на одложените интервенции на хируршките клиники, Филипче информира дека дел од персоналот од овие клиники помагаат и во другите инфективни одделенија, но има и клиники кои функционираат.

 

Најнови вести