петок, 5. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Кина воведува реципрочни визни ограничувања за Американците

Кина воведува реципрочни визни ограничувања за Американците

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска ја информира јавноста дека воведува визни ограничувања за американските граѓани кои „се однесуваат непримерено“ во однос на Хонг Конг, откако Вашингтон истото тоа го најави за одредени кинески функционери.

Портпаролот на Министерството, Џао Лианг, изјави дека Кина ги повика САД да престанат да се мешаат во кинеските внатрешни работи во врска со ситуацијата во Хонг Конг и предупреди дека Пекинг ќе реагира со остри контрамерки доколку Вашингтон продолжи со своите активности, пренесуваат британските медиуми.

САД во петокот ги објавија визните ограничувања за сегашни и поранешни функционери на кинеската Комунистичка партија (ККП) за кои се верува дека се одговорни или се соучесници во наводното поткопување на високиот степен на автономија или на човековите права на Хонг Конг. (MИА)