петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Грција распоредува дополнителен број војници на егејските острови

Според Каменос, целиот грчки народ мора да биде внимателен поради „непријателот кој продолжува да провоцира“.
Грција распоредува дополнителен број војници на егејските острови

Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос наредил распоредување на дополнителен број војници на островите во источниот дел на Егејското Море и во реоните долж копнената граница со Турција, во услови на зголемени тензии меѓу Атина и Анкара.

Каменос најави дека на островите и во реонот на реката Марица ќе бидат распоредени дополнителни 7.000 војници.

– Доколку се обидат да оспорат и една педа од нашата територија, ние Грците ќе ги уништиме обединети, изјави Каменос во обраќање пред учесниците на воената вежба на грчката армија на островот Икарија.

Според Каменос, целиот грчки народ мора да биде внимателен поради „непријателот кој продолжува да провоцира“.

– Не се плашиме и нема да паднеме на колена поради нивните провокации, закани и навреди. Тие само не прават посилни. изјави Каменос, кој е лидер на десничарската партија Независни Грци, која е помалиот владин партнер на Коалицијата на радикалната левица (Сириза) на грчкиот премиер Алексис Ципрас.

(Миа)