понеделник, 1. април 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Поведени постапки против девет лица кои не го почитувале полицискиот час во Скопје

Поведени постапки против девет лица кои не го почитувале полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе осум предлози за издавање казнени налози против  девет лица кои не го почитувале полицискиот час во Скопје.

– Обвинетите, во одделни настани, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија со што сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено во член 206 став 1 од Кривичниот законик, стои во соопштението од ОЈО.

Основното јавно обвинителство Скопје на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за сите обвинети да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност. (МИА)