Според анкетите по синоќешниот дуел на МРТВ на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоски е со убедливо водство пред Зоран Заев.
Во една од анкетите на социјалните мрежи, Мицкоски води со 78 проценти, а додека за Заев гласале само 22 проценти.
Исто така и на првиот тв дуел кој што беше одржан на телевизија 24, и тогаш анкетите покажуваа водство на Мицкоски, односно тогаш за настапот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицскоски дури 88 проценти се изјасниле дека бил подобар од неговиот опонент, а за лидерот на СДСМ гласале само 12 проценти.
Инаку, пред крајот на дебатата лидерот на СДСМ ЗОран Заев изјави дека ова всушност е и последниот тв дуел помеѓу него и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, со што се поставува прашањето дали Заев се плаши од дебата со Мицскоски и свесно бега од истите?!