петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Му се заканувал, па неколку пати му го удрил возилото

Му се заканувал, па неколку пати му го удрил возилото
илустарција

На 11.07.2020 во 11.11 часот Х.К.(32) од Скопје пријавил дека додека се движел со неговото возило по бул.„Борис Трајковски“ му се доближило друго возило, управувано од М.Р., со кого се познавале од претходно.

М.Р. преку прозорецот почнал да му упатува закани по неговиот живот и животот на неговото семејство, а потоа со неговото возило неколку пати го удрил возилото на пријавителот, по што го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најнови вести