четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Трагедија во Велес: Бебе починало во рацете на својата мајка, телото на обдукција

Од извршениот разговор со родителите било констатирано дека околу 11.30 часот, додека мајката го држела бебето во рацете, забележала дека не давало знаци на живот.
Трагедија во Велес: Бебе починало во рацете на својата мајка, телото на обдукција

Седуммесечно вчера било донесено во Јавната здравствена установа во Велес.

Во текот на вчерашниот ден во 13.00 часот во СВР Велес, од Јавната здравствена установа Велес било пријавено дека кај нив било донесено починато седуммесечно бебе од с. Бузалково.

Од извршениот разговор со родителите било констатирано дека околу 11.30 часот, додека мајката го држела бебето во рацете, забележала дека не давало знаци на живот.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатото бебе било предадено на обдукција.

Фото: Илустрација