среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Неочекувано се зголеми инфлацијата во Британија

Неочекувано се зголеми инфлацијата во Британија

Инфлацијата во Велика Британија неочекувано се зголеми  во јуни за 0,6 проценти во однос на мај кога изнесуваше 0,5 отсто, покажуваат денеска објавените податоци на Канцеларијата за национална статистика (ОНС).

Економистите во анкетата на на Ројтерс во просек прогнозираа стапката на инфлација да падне на 0,4 проценти, пренесува Танјуг.

Базната инфлација, која ги исклучува нестабилните цени на енергијата, храната, алкохолот и тутунот, се искачи на 1,4 проценти во јуни од 1,2 процент во мај. Економските аналитичари очекуваат дека базната инфлација ќе остане непроменета, на ниво од 1,2 проценти. (МИА)