Во светниколската конфекција „Мода“ вкупниот број заразени работници изнесува 53 откри скринигот, кој го направи компанијата.
Последните резултати од тестирањето се пристигнати утринава, кои покажаа дека на претходните 45 се додаваат уште осум работници позитивни на Ковид-19. Директорот на „Мода Ад“ –Свети Николе, Ангел Димитров вели дека во скринингот во кој компанијата самата инвестираше беа опфатени вкупно 620 работници, а претходно 200 биле изолирани или седеле дома поради владините мерки за чување деца до 10 години, хронични заболувања или бремени жени.
Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски вели дека по добивањето на последните резултати во најголемата фабрика во Свети Николе очекува веќе наредната недела да се намалуваат бројките на заразени, бидејќи колку се активни, толкав број на граѓани се и во изолација. Според здравствената состојба на заразените 80 отсто од нив се асимптоматски, додека потешки случаи се хоспитализирани во регионалните ковид центри во Штип и Велес. (МИА)