сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Правеле семејна веселба и пукале во воздух, полиција влезе во Џепиште

Правеле семејна веселба и пукале во воздух, полиција влезе во Џепиште

На 19.07.2020 во 16:50 часот во Полициската станица Џепиште било пријавено дека во с.Џепиште се слушнале неколку истрели од огнено оружје.

По тоа полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека во куќа, сопственост на Е.Е.(48) од с.Џепиште, при семејна веселба, Џ.И.(62) од с.Октиси испукал неколку куршуми од пиштол „Застава М-57“ кал. 7,62мм, за кој што поседувал дозвола.

Џ.И. бил приведен во Полициска станица Дебар за понатамошна постапка, а пиштолот му бил одземен.